Арената во Стокхолм има капацитет од 19.000 гледачи, а повеќе од 20.000 Хрвати „одлетаа“ за Шведска каде денеска ќе се одигра финалниот меч од Европското првенство во ракомет.
Селекцијата на Лино Червар во финална пресметка ќе ги предизвика актуелните европски прваци, ракометарите на Шпанија, објави Екипа.
– Одиме да го земеме златото. Не им ни кажавме на жените каде одиме, ќе се вратиме со златниот пехар, ја пренесуваат хрватските медиуми атмосферата од загрепскиот аеродром.
Фанови од Истра, Далмација, Загорје, се обединуваат и патуваат кон Стокхолм.
– Јасно ни е дека Хрватска ќе игра како да е дома, нивните навивачи сигурно ќе пристигнат во голем број, изјави Жодри Рибера, селекторот на ракометната репрезентација на Шпанија.