Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе почне со задоцнување од 15 минути, поради тоа што навивачите доцна стигнале на стадионот во Париз и настанал хаос на влезовите. Токму од тука УЕФА одлучила да почне со 15 минути задоцнување.

Инаку и Реал и Ливерпул веќе го одработија загревањето, а сега следува оној дел на отворање на финалето, а потоа и почеток во 21:15 часот.

И автобусот на Ливерпул доцнел на пат кон стадионот, но играчите на време излегле на загревање.