Управата за финансиска полиција ги демантира објавените информации во одредени медиуми дека вчера од страна на овластени лица на Управата е извршен увид и контрола во просториите на Исламската верска заедница (ИВЗ).

-Управата за финансиска полиција нема преземено никакви дејствија и активности со цел контролирање на финансиското работење на ИВЗ, се наведува во соопштението.

Од Управата за финансиска полиција информираат дека денеска примиле писмена пријава со барање за финансиска контрола во ИВЗ.