Финска денеска прогласи вонредна состојба, придружувајќи се на голем број европски земји кои на сличен начин се обидоа да го спречат ширењето на новиот коронавирус. Денеска наутро, во Финска беа регистрирани 241 случај на заразени.

Премиерката Сана Марин рече дека со новите одредби што формално ќе се усвојат утре, ќе се затворат сите фински гранични премини за сите патници со исклучок на фински државјени кои се враќаат во државата. Протокот на стоки и лекови ќе биде олеснет.

Училиштата и универзитетите се затвораат од среда, а одлуката ќе остане во сила до 13 април.

Забранети се и посети на домови за стари лица.

Јавните собири на повеќе од десет лица ќе бидат забранети, а ќе бидат затворени и културни институции и спортски центри.