Русија нема да употреби нуклеарно оружје против Украина, ниту ќе нападне која било од членките на НАТО, а единствената преостаната опција на Москва за ескалација на војната е нова мобилизација, изјави финскиот претседател Александар Стуб.
„Прво, имам разузнавачки информации. Второ, имаме средство за одвраќање, и тоа е помоќно од која било друга воена сила каде било во светот. Нема смисла која било сила во светот да ја тестира одлучноста на овој сојуз“, изјави Стуб за германски „Билд“.
Покрај тоа што Русија не постигна значителни успеси на бојното поле во последните месеци, Стуб оцени дека Москва нема да го ескалира конфликтот со употреба на нуклеарно оружје против Украина, бидејќи, како што тврди, Кина нема да го дозволи тоа.




