Неколку брзопоговорки

Обидете се со брзина едноподруго неколку пати да ги повторите следниве изрази:
Ж’лт расол.
К’нтар тргат катран.
К’нтар тргат црн катран.
Лош расол.
Петел претат в пепел.

Пи вода под пукнат камен.
Пи вода под пукнат камен, пи вода над пукнат камен.
Пи вода под пукнат камен, јади леб над пукнат камен.
Секој петок урда јадам.
Тргат к’нтар црн катран.
Црн катран.

Благослови, клетви и молитви

Ајр да имаш.
Ајр да не видиш.
Ајр да прајш (да чиниш).
Ајр и бериќет да имаш.
Ајрлија да му е (да ти е) р’ката.
Ајрлија работа.
Афрато да ти се сторит.

Бел ден не видел.
Бесот те (го) фатил.
Бразда глата, секира нозете.
Бутур те (го) фатил.
В орман фатил.

Господ да те вардит од лошо.
Господ да ти и зајакнит рамената.
Г’з и гла наедно да се собереш.
Да е под камен.
Дал ти Бог добро.
Дал ти Бог добро, од мома ребро.
Да не му се наславит името.

Да не ти е на зарек.
Да питаш та да се раниш.
Да се живи живите, да и споменват умрените.
Да се фатит ко чичек за в’лна.
Да се фатит ко чичек за јајце.
Да си блосоен ко овца под овен.
Да ти занемит устата.

Да ти е бел образот, како на Арап газот.
Да ти цутит устата (р’ката)
Денеска лешник, утре пешник.
До жиот со чест.
До жиот со чес, умирачка со лес.
Достата те удрила.
Душата низ гас да ти излезит.

Ѓаол те зел.
Ѓаол те зел, та на врагот пешчеш те однесол.
Кој нејќит чуждо свое да немат.
Колку прао така здраво.
Круша му задуша, глиста му свешта, жаба му проскура.
Круша му задуша, камен му на гуша.
Лоши очи виделе, лошотија си ја зеле.
Лук и вода да се сторит.
Место не фатил.
Мие од место Господ на место.

Од записите на Филкип Каваев

На Настрадин Оџа чавката биоли му ловела

Многу бегој имале опитомени соколи и со ними оеле на лов и фашчале диви тишки. Кога ќе виделе да летат некоја дива тишка сама, али заедно со други, го пушчале соколот, и тој веднаш ќе ја сметнел тишката и ќе му ја донесел на бегот.

Видел то Настрадин-оџа, фатил една чавка, ја опитомил, ѓомити со неја да ојт на лов. Еден ден ја зел чавката излегол в поле и је пушчил да му фатит лов. Тука наблизу паселе бијолите од некој бег. Чавката слетала на еден од бијолите и фатила да и требит вошките од бијолот и да и јајт. На Настрадин-оџа му се сторило оту чавката со секое мавање со кљунот за да фатит вошка, го викат оџата да си го зејт бијолот запчо го улојла. Без многу да се думат оџата отишол, го забрал бијолот и го затворил в ќерал. Му казале на бегот шчо напрајл Настрадин-оџа и тој вечерта отишол ќе оџата да си го побарат бијолот.

-Беј ефенди, мене бијолот ми го улој чавката – рекол оџата.

-Како се можело чавка да фатит бијол- опитал зачудено бегот.

-Исто како шчо ти фашчат тебе соколине диви тишки, одгорил сосем мирно Настрадин-оџа.

Јал не јал три и пол

Едно време ко немало железница, на печаљба се одело на нозе, се до местото.. Нашите печаљбари и на одење и на врашчање врвеле низ Прилеп и таму преноќвеле во еден ан. Анџијата бил многу чуден чоек ‘и пречеквел и ‘и попрашчал печељбарите ко свој љуѓе. Ќе и најадел, ќе и напиел и на утрото, ко ќе станеле да си одат, ќе се застоел на врата и од секого им земал по три и пол грошој.

Еден ден едни нашинци клондисале на тој ан, одеешчи на чужџина. Меѓу ними имало и стари и нови, шчо прв п’т оделе на чужџина и не му знаеле табиетот на анџијата. Тие шчо му го знаеле табиетот на анџијата, нарачале пиење и јадење и удриле да пиет, јадет и да се веселет. Новите се стискале и не нар’челе нишчо, ами к’снале по тро леп шчо си го носеле од дома. На утрото кога станале да си одет, анџијата се застојал на врата, како и секогаш и од секого барал по три и пол грошој.

-Ами јас, стрико, нишчо не пиев и нишчо не јадов.

-Би си јал, би си пил, јал не јал три и пол – му одговорвел анџијата на сите и си и прибирал паричките.

Од записите на Филип Каваев. (Подготви Марко Китевски)