Пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 ќе зависи од активностите на Русија, изјави шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во интервју за Ханделсблат.
– Во оваа акутна криза, сè ќе зависи од позицијата на Русија. Руската Федерација врши воен притисок врз Украина и го користи гасот како лост за да влијае врз ЕУ. Затоа, Северен тек 2 не може да се отстрани од списокот со санкции – тоа е сосема јасно, изјави шефицата на ЕК.
– Подготвивме моќен и голем пакет финансиски и економски санкции. Тој се движи од ограничување на пристапот до странски капитал до контрола на извозот на технички производи. Овие ограничувања дополнително ќе ја ослабат руската економија, рече фон дер Лајен.
– Се разбира, луѓето од опкружувањето на Путин и олигарсите може многу да настрадаат – од една страна, поради вклучувањето на лични санкции, но најмногу поради финансиските и економските санкции што ги подготвуваме, додаде таа.