Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи, наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД.
Таа додаде дека царините се даноци, кои се лоши за бизнисот, полошо за потрошувачите и на кои ЕУ ќе одговори.
– Неоправданите царини кон ЕУ нема да останат без одговор – тие ќе предизвикаат цврсти и пропорционални контрамерки, потенцира Фон дер Лајен во објавата.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, претходно најави дека ако САД воведат царини и не и остават на ЕУ „друг избор“, тогаш „Унија ќе реагира обединето“.
– На крајот, трговските војни секогаш ги чинат двете страни просперитет, додаде Шолц.
Трамп објави дека од утре ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум.
– Утврдив дека увозот на челични производи се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година, наведе Трамп во извршната наредба.
Фото: МИА Архива