Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска на Х му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за гостопримството самитот на НАТО во Анкара.
„ЕУ и Турција се стратешки партнери и ние сме посветени за зајакнување на нашите односи. Во еден попредизвикувачки свет, нашето партнерство е поважно од кога било. Турција е важен партнер во справувањето со кризите на Блискиот Исток и во поддршката на напорите за праведен и траен мир во Украина“, напиша Лајен.
Таа исто така нагласи дека мора да се искористи „обновениот моментум“ за да се унапреди решавањето на кипарското прашање преку процесот предводен од ОН.




