Европската комисија ги објави плановите за конфискација на рускиот имот што е замрзнат за да ја казни Москва за инвазијата на Украина.
Ова го потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Ги блокиравме резервите на Централната банка на Русија во износ од 300 милијарди евра, исто како и 19 милијарди евра на руските олигарси, рече Фон дер Лајен.
Таа додава дека ЕУ планира тие пари да ги инвестира на краток рок, при што профитот на крајот ќе оди во Украина како компензација за огромната штета предизвикана од руската инвазија.
– Работиме на меѓународен договор со партнерите за да го овозможиме тоа. Заедно можеме да најдеме правни начини за спроведување на тој план, рече таа.