Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и С. Македонија, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по трилатералната средба со претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Софија.
– Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со С. Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергија, наведе Фон дер Лајен во твитот проследен со видео снимка од средбата со Пендаровски и Радев.