Почитувани, Ве известуваме дека утре 02.10.2026 година (петок) во 12:00 часот Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Република … Македонија, соопштува Владата.
Во рамки на посетата во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република … Македонија Христијан Мицкоски, на која пред почетокот медиумите ќе имаат можност да направат кратки видео инсерти и фотографии.
Потоа следува работен ручек помеѓу Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со премиерот Мицкоски и членови од владиниот кабинет.
Во 13:45 часот предвидено е да се одржи заедничка прес-конференција на Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Мицкоски, во Медија центарот на Владата.




