Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди докажаниот напад со нервен агенс врз рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Таа рече дека од германската канцеларка Ангела Меркел ја добила информацијата дека Навални бил нападнат со нервен агенс во Русија.

-Се повтори кукавичкиот чин, што е за презир. Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Фон дер Лајен.

Властите во Берлин претходно ја повикаа Русија да го испита труењето на Алексеј Навални, откако клиничките тестови спроведени во Германија утврдија дека тој бил нападнат со нервниот агенс „Новичок“.