Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на Формула 1 трката за Големата награда на Јапонија возена утринава во Сузука.
Холанѓанецот ја освои својата 13-та победа во сезоната 2023 година. Возачот на Мекларен Ландо Норис заврши на второто место (+19,387 секунди назад), а третото место беше неговиот тимски колега Оскар Пјастри (+36,494).
По овој триумф на Верстапен, Ред Бул го обезбеди првото место во поредокот за конструктури со 623 бода на шест трки пред крајот на сезоната 2023 година. Најблискиот конкурент на Ред Бул, Мерцедес, заостанува 318 поени и ја загуби теоретската шанса да се најде на врвот.
Ред Бул вторпат по ред и шести во историјата го освои шампионатот за конструктори.
Лидер во поредокот за возачи е Макс Верстапен со 400 бодови. Второто место го зазема неговиот партнер во Ред Бул, Серхио Перез, кој има 223 бода.
Верстапен би можел да стигне до третата шампионска титула во Формула 1 на следната трка која ќе се одржи во Катар од 6 до 8 октомври.