Сасуоло создаде повеќе шанси, можеше и со уште повисока разлика да победи. Јувентус имаше само два шута во рамките од голот на домаќините.

Резултатот го отвори Лауриенте во 12. минута кој донесе водство за Сасуоло по еден голем кикс на Шчесни.

Јувентус во 21. минута изедначи со автогол на Виња, но пред крајот на првиот гол Берарди ја врати предноста на Сасуоло.

Во 78. минута Киеза постигна гол за 2-2, тоа беше првиот шут во рамките од голот на Јувентус на натпреварот.

Но само четири минути подоцна Пинамонти ја врати предноста на Сасуоло, сега на 3-2.

Во судиското продолжение Гати си постигна неверојатен автогол за конечна победа на Сасуоло од 4-2.