Македонската полиција денеска „улови“ албански државјанин од кого заплени 91,33 кг охридска пастрмка, соопшти вечерва МВР.
– Денеска (01.10.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е E.С (27) од Република Албанија. При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат “, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон РС Македонија. Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Во прилогот што го објави на својотѕ официјален профил на Фејсбук има и фотографии од „уловената“ риба.