Вицепремиерот Кочо Анѓушев вечерва со историски рекорд ја покрива аферата Рекет, чиј судски епилог започна, а според сведочењата се вмешани и лица од Владата на која тој е вицепремиер.

– Во третиот квартал на 2019 година невработеноста се намали на рекордно ниски 17,1 отсто, објави Анѓушев на Фејсбук.

Тој во објавата изнесува податок дека биле отворени точно 59.654 нови работни места, а пред само неколку денови од партијата на власт и од Владата тврдеа дека има „едвај“ 54.000 нови работни места. Ама еве одеднаш бројот се зголемил за повеќе од пет илјади.

Аирлија! Владата го чувствува благодетот што им го нуди на граѓаните, сега само уште граѓаните да го почувствуваат благодетот од Владата.