Русија и ОПЕК плус (Организацијата на земји извознички на нафта и земји кои не се членки на организацијата) се договорија за дополнително намалување на производството на нафта во првиот квартал од 2020 година за 500.000 барели дневно, соопшти денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Цел на групата е да ги поддржи глобалните цени на енергентите, бидејќи не сака од САД да изгуби удел во глобалниот пазар, со оглед на тоа дека таа земја продолжува да испумпува се поголема количина нафта.

Одлуката следуваше по долга расправа во седиштето на ОПЕК во Виена, јави Фена.

Оваа одлука е донесена по претходното намалување на производството од 1,2 милиони барели дневно – кое се спроведуваше изминатите три години.