Министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев со познатиот поздрав „да пукне“ (со дланките) денеска прослувауваа во струмичко Муртино, родното село на Заев.

– Село Муртино ја доби првата детска градинка! Навистина ми е драго што забрзано се подобруваат условите за престој во поголемиот дел од градинките низ земјава, особено во руралните места кои со години беа заборавени.Само годинава во струмичкиот регион се отвораат две нови градинки, а за идната година е планирана инвестиција во уште три. Се грижиме, објави Царовска на Фејсбук.

Децата добиваат подобри услови за згрижување, но и се користат за политичко-партиска промоција и пропаганда од тие што треба да ги заштитуваат од тоа.