Честитката од премиерот во заминување Зоран Заев, која ја упати денеска преку социјалните мрежи, кај неговите приврзаници предизвика восхит, но не и кај поголем број граѓани.
На социјалните мрежи имаше многу коментари за тоа дека Заеви се сликаат во раскош и со куче, чија цена е повисока од целогодишниот приход на многу семејства во Македонија.
Тие што се вични со фотомонтажи беа испровоцирани да ги преседнат Заеви од домашната фотелја на трактор. Како што е и фотомонтажата што ја објавуваме, преземена од Фејсбук, од профилот на Мартин Толовски.