Две девојки денеска пријатно ги изненадија децата кои ги гледаме на скопските раскрсници како просат.

Двете девојки, Верче Крстевска и Маргарет Курт, се од хуманитарната организација „Стопли срце“. Тие возеа и застануваа на најфреквентните раскрсници, каде децата питачат, и им делеа новогодишни пакетчиња.

– И кога сите чекаме да ја испратиме старава година и да ја дочекаме новата, кога сите после работа брзаме некаде, кога има гужва која ни создава нервози, оваа девојка им го стопли срцето. Убаво е чуството кога некој ќе помисли и на овие деца. Тоа е таа хумана страна, гласи новогодишната порака на „Стопли срце“.

Тие додаваат дека со овој гест не го поддржуваат питачењето:

– Не го поддржуваме воопшто питачењето по улици, но да не ги заборавиме и децата кои секој ден ги гледаме на семафорите. Тие деца сигурно не се по нивна желба таму каде што се. Денес сакавме да ги стоплиме нивните срца. Денеска им поделивме пакетчиња на овие деца. И може наместо да оставете пари во иднина носете чоколадо и дајте го на овие деца со тоа нема да ги поддржувте во питачењето, но ќе ги озрадувате со чоколадо. Денес бивната среча беше преголема. Им кажавме дека Дедо Мраз уште не стигнал со санките зошто нема снег па не прати нас да ги израдуваме. На нивната радост им немаше крај, велат од „Стопли срце“.