Музичарката и партнерка на Илон Маск, Грајмс, покажа голема тетоважа на грбот, која всушност малку е и вознемирувачка.

Партнерката на Илон Маск, која претходно оваа година откри дека сака да помогне во основањето на човечката колонија на Марс, ја покажа новата тетоважа која ја опиша како „прекрасни вонземјански лузни“.

33-годишната музичарка со вистинското име Клер Елиз Бушер фотографијата ја сподели на Инстаграм со своите 1,7 милиони следбеници, а повеќето од нив беа воодушевени, иако имаше и други реакции.

За тетоважата е заслужен тату артистот Нуси Кверо, кој го означи во објавата, и го опиша како „вонземјен мозок“.

Грајмс и Илон Маск се во врска од 2018 година, а минатиот мај го добија и синот, кој го нарекоа X Æ A-Xii.