Американски писател истражувајќи друга тема во Виена открил приказна илустрирана со 50 фотографии од експедиција во Македонија во 1863 година.

Целата приказна и фотографиите се објавени на страницата на Фејсбук на Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950.

Објавуваме дел од фотографиите и оваа интересна приказна од минатото на Македонија:

Во 2000 година, господинот Марк Коен (Mark Cohen), американски писател и книжевен истражувач од универзитетот Колумбија во Њујорк, пристигнува во Виена и се упатува кон Австриската Национална Библиотека.

Целта му била да пронајде информации за претците на познатите американски еврејски писатели (новелистот Сол Белоу, писателот на поп комедии Алан Шерман и битникот Сејмор Крим).

Копајќи низ морето од информации и материјали од Библиотеката, господинот Коен во една стара и прашлива кутија пронаоѓа колекција од 50 фотографии направени во периодот Август – Ноември 1863 година во #Македонија и #Албанија.

Господинот Коен ја менува својата почетна мисија и сега се свртува кон откривањето на мистеријата на овие фотографии и нивниот творец.


Фотографиите потекнуваат од 1863 година и се први фотографии направени на тлото на Македонија. Фотографот бил Унгарецот Јозеф Шекељ (Dr. Josef Székely) (1838-1901), а фотографиите биле направени во текот на австроунгарската екпедиција „По текот на реката Дрим, од вливот во Јадранско Море, до нејзиниот извор“ предводена од Австро-Унгарскиот конзул во Грција , господинот Јохан Георг фор Хан (Johann Georg von Hahn) (1811-1869).

Експедицијата тргнала од Драч и Скадар , преку Призрен и Косово влегла во Западна Македонија кај Дебар, па стигнала во Охрид, за да потоа оди кон Монастир (Битола), Демир Капија и Солун.

Во 1860 година господинот Јохан Георг фон Хан му упатува писмо до Австро-Унгарскиот престол со молба да се одобрат средства за да се истражи реката Дрим. Во писмото, господинот Хан пишува: „ Дрим е најмалку позната река во Европа, а се влива во Јадранот на само 10 километри од Австро-Унгарската граница„.

Парите за експедицијата му биле одобрени лично од Максимилијан Први (1832-1867) првиот Крал на Мексико и брат на Австро-Унгарскиот монарх Франц Јозеф. Господинот Хан слушнал дека во Виена еден млад и многу паметен унгарски фотограф отворил студио и се здобил со добра репутација. Му праќа писмо до фотографот Шекељ со понуда да биде дел од една авантуристичка еспедиција на Балканот.

Јозеф Секељ (1838-1901) е роден во Сомег во близина на езерото Балатон во западна Унгарија каде што завршува основно и средно училиште. Потоа студирал на Универзитетот во Виена и дипломирал во 1860 година со магистерски студии по фармација и во 1862 година со докторат по хемија. Предавал на универзитетот некое време, но потоа, отворил фотографско ателје во Хајнрихшоф во близина на Виенската опера, при што станал професионален фотограф со значителен углед.

Да, во тоа време, се заработувало повеќе пари од правење фотографии, одколку да си професор на универзитетот во Виена.
Во Јули 1983 Шекел го добива писмото и се приклучува во експедицијата, каде што ги прави првите познати фотографии од Македонија во периодот Октомври-Ноември 1863.

Експедицијата била завршена во Декември 1863 година.


За жал, Јохан фон Хан и Јозеф Шекељ ги потрошиле скоро сите пари добиени за екседицијата. Кога се вратиле во Виена и требало да ѝ платат на Виенската Академија на науки за печатење за нивниот извештај од патувањето, ги изоставиле печатењето на фотографиите за да заштедат пари. Фотографиите остануваат примопредадени на Академијата, и завршуваат во една кутија во универзитетската библиотека која ќе биде отриена 150 години подоцна.

Господинот Коен ги открива фотографите и во најпрво публицира научна статија, а фотографиите за прв пат ќе бидат објавени во книгата на господин Коен „Записи со светлина: Рано фотографирање на Албанија и Југозападен Балкан“, издадена во 2007 година.

(Подготвил: Д. Г.)