Во касарната „Илинден“ во Скопје, единица од артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба, како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување празници, се реализира во рамките на активностите по повод 18 август — Денот на Армијата.








