Во Бугарија веќе еден месец се одвиваат демонстрации против Владата на Бојко Борисов. Демонстрантите поставија и шатори во Софија на Орлов Мост, но утринава, полицајци ги кренаа шаторите.
Сепак, вечерва, демонстрантите одново ги поставија шаторите, откако акцијата на полицијата, очигледно, ги натера да излезат во голем број.