Актуелнава власт, додека беше во опозиција, го продаваше блиндираниот мерцедес што го купи поранешната власт и го конвертираше во комбиња за брза помош, но веќе четврта година истиот го користи за превоз и за свои потреби.

Но, веста не е „колку Тамари“ и „колку комбиња за брза помош“ вреди мерцедесот што го купи поранешниот премиер Никола Груевски, туку открититето на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен технички премиер, Оливер Спасовски, дека на мерцедесот му паднала цената оти бил гребан од мачки, за што имаше и презентација (на фотографијата).

Сега на интернет се појавија мачки, на црн автомобил, не е мерцедесот, но да не се случајно тие што го изгребаа. Нека простат мачките што ги објавуваме нивните ликови, и не ја почитуваме презумпцијата за невиност, бидејќи се работи за важен државен проблем и нерешен криминален случај – гребење на држабен имот.

(Д.Г.)