Интересна снимка на која се гледа како птица фаќа зајак и набргу го проголтува се појави на Јутјуб и се споделува на социјалните мрежи.

Од видеото може да се види птица, некој вид галеб, како зграпчува помал зајак и набргу потоа жив го проголтува.
Снимката била направена на островот Скомер во Велика Британија, а на неа се гледа птицата која припаѓа на видовите големи галеби (Larus marinus) кој живее на тој остров.

Галебите се и месојадци и вегетаријанци, јадат и месо и растенија. Големи видови како овој често плен им се гнездата на други птици или ловат послаби животни, додека помалите видови јадат инсекти, црви, мекотели, риби и друго.