Во близина на Дебар се наоѓа кристалната пештера, со каква во светов, освен Македонија може да се пофали само Мескико, пишува во објавата на страницата на Фејсбук на „Денес над Македонија се раѓа“.

– На прв поглед рудниците изгледаат здодевно, сепак рудникот на Кнауф има нова димензија благодарение на Кристалната пештера. Рудникот се наоѓа во Близина на Дебар на 90 до 200 метри под површината каде што има гипс од трите типа албастер, анхидрит и кристалот селенит, кој е најредок со чистина од 99 проценти. Селенитот со таква чистина го има само на две места во светот, во Македонија и во Мексико. Во пештерата температурата секогаш е 17 степени, пишува во објавата на Пепи Котеска на „Денес над Македонија се раѓа“.

Рудникот на Кнауф, како што стои во објавата, има три ката меѓу кои има плочи дебели меѓу 5 и 6 метри.