Премиерот Зоран Заев од поодамна е познат како љубител на моторите, но денеска ги остави да мируваат, а тој ги покажа своите фудбалски квалитети во партиски натпревар во тетовско Желино.

– Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска заедно со претставници на партиското раководство присуствуваше на отварање на спортско игралиште во Желино. Функционери од централното и општинското раководство одиграа и пријателски фудбалски натпревар, објавија на партискиот профил на Фејсбук.

Нема детали од овој фудбалски натпревар за тоа дали Заев се истакнал како голгетер, како неговиот сограѓанин Горан Пандев. Но, од фотографиите се гледаат честитки, радост, дигнати раце, а нејасно е дали се истакнал како напаѓач или како стопер.

Народот за ваквите настапи има една позната народна. Парафразирано може да гласи и „Македонија гори, Заев глуми Пандев“.