(фото) НАРОДОТ ДО БРУСАЧИТЕ: Сонцето од Кутлеш грее и низ Подстаница во Драчево

/ 06.07.2020

Шеснаесеткракото Сонце од Кутлеш, симболот на првото знаме на независна Македонија, деновиве сè повеќе може да се забележи во македонските населени места, особено откако минатата година власта почна да го бруси и отсранува од јавните површини низ Македонија.

Тоа се случува, како што објави Курис, и во скопската населба Драчево, поточно од населеното место викано Подстаница, кое се наоѓа во близина на железничката станица во Драчево.

Имено, деновиве во ова место кое е целосно населено со етнички Македонци, поставени се огромен број на знамиња со сонцето од Кутлеш.

Според нашите информации, точно 100 знамиња со сонцето од Кутлеш се веат на врвот од речиси секоја бандера од влезот во ова населено место, па низ секоја уличка.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој потекнува од ова населено место, на својот ФБ профил напиша:

-Ова е моето родно место, местото и луѓето со кои растев и извојувавме само победи и никогаш порази – мојата горда и патриотска МК Подстаница која денес низ цело маало го развеа сонцето од Кутлеш за на Македонците да им ја навести големата победа, а на оние кои се срамат од него да им боде очи. Иако периодов моите обврски ме преселија во ИЕ4, МК Подстаница и луѓето таму секогаш беа моја поддршка и мотивација во оваа кампања, и затоа вечерта на 1️⃣5️⃣ти заедно ќе ја прославиме историската победа и падот на режимот на Зоран Заев. Да живее Македонија! 🇲🇰

 


Од истата категорија