Државата добро се справува со коронакризата што е потврдено и од домашни и од странски експерти. Лекарите и медицинските сестри покажаа пожртвуваност и затоа ќе предложиме да бидат одликувани со медал за храбрист од претседателот на државата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот телевизиски дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на МТВ.

– Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние имаме објавување на чесни бројки, транспаретни во врска со корона вируспот… Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста.

Лекарите и сите медицински сестри се храбри јунаци кои работат 24 часа на ден, насекаде, низ сите болници. Мене ми е драго што успеваат да спасат пациенти од респиратори, што нема метежи низ болниците, што имаат направено систем на ротација за да се покријат во смените. Најмалку што можеме е да ги наградиме 10 отсто сите здравствени работници, а како иден премиер ќе предложам до претседателот да се им се додели медал за храброст, кажа Заев.

Тој го обвини Мицкоски дека наместо да помагаат во актуелната коронакриза, опструираат и ги негираат резултатите на здравственииот систем.