Еколошката партија ДУИ денеска свечено пушта во употреба споменик во Слупчане во „легендарно Липково“, како што го нарекоа тие, на 2 мај „денот на бранителите“, како што исто така го нарекуваат самите.

Споменикот кој чини 200.000 евра денес на никого од борците од тн. шарена револуција не му пречи. Ниту, пак, враќање наназад кон историјата во време кога сме забревтани кон ЕУ. Сето тоа престана да им пречи откако го урнаа „режимот на Груевски“, го донесоа Зоран Заев на власт во коалиција со зелената ДУИ, која денеска отвора уште еден „еколошки проект“ во Слупчане.

Веќе е излитена фраза, но што друго да се додаде освен – тоа е денес нашата чудесна Македонија!

(Д.Г.)