Кон легендарното Липково, објави денеска министерот за економија Крешник Бектеши на својот профил на Фејсбук, заедно со партискиот Лидер Али Ахмети, сликани на пат кон Слупчане каде денеска ДУИ денеска организира свеченост за отворање на споменикот посветен на УЧК.

Споменикот чини 200.000 евра и е висок 20 метри, а ДУИ го слави 2 мај како „ден на бранителите“. .

– Изградбата на споменикот е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА (УЧК) која свечено ќе биде пуштена е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на културното наследство за „Сител“.

Собранието според нив требало да донесе петгодишна програма за прославување на познати личности и настани што не е случај со споменикот изграден во чест на жртвите на ОНА (УЧК) како што е именуван. Во надлежност на локалната власт може да биде поставување на спомен обележје, кое во пракса е нешто помало, симболично и е од локално значење.

Законот е донесен пред околу 20 години, но оттогаш до денес ниту еднаш не е испочитувана процедурата за поставување на споменици. Доколку значењето на споменикот е од национално, државно значење и се однесува на важни настани и личности, според уставот, државата е таа која треба да го уреди поставувањето.

Од министерството за култура се оградија.

Во овој случај се постапува според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за што се надлежни Собранието или единиците за локална самоуправа. Министерството за култура во ниту еден сегмент не учествува во подигање на современи споменици и спомен обележја.

Па според ова, анализира телевизијата, се извлекува заклучок дека споменикот во Слупчане е од локално значење иако за откривањето на спомен кулата во висина од околу 20 метри е организиран свечен настан на кој ќе присуствуваат голем број функционери од власта. Овој споменик чини околу 200.000 евра. Датумот 2 мај партијата ДУИ го слави како ден на бранителите а оваа година на истиот ден се празнува и Рамазан Бајрам.

Во врска со споменикот на социјалните мрежи има бројни реакции и фотомонтажи од споменикот, поврзани со актуелните политички случувања во Македонија, меѓу кои е и околу одбивањето од неколку земји на кадараот на ДУИ, Теута Арифи за амбасадорка.