Купишта смет остана на Мечкин Камен, по денешната владина прослава на Илинден во Крушево, а во купот ѓубре заврши и државно знаме со кое мафтаа и ја бодреа власта тие што прославуваа.
Револтиран граѓанин, по тој повод, објавува галерија фотографии од „остатокот“ од денешната прослава и коментар за истото:
– Денес ќе ви честитам малку поразлично. Да може овој со каменов да стане… да ви го опне од глава. Нас ни треба најнова Револуција. Најново востание. Слобода! Од комплетната мизерија, идиотштина, некултура, безидејност, средновековна заглавеност. Или смрт, пишува во својот статус на Фејсбук, Баки Шакировски.
Погледнете ја неговата галерија.