Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, кој четири дена е во посета на Италија, добил поетски наплив на паузата од две напорни решавања на проблемите на дијаспората, а тоа го соопшти преку Фејсбук.

– Сам. Тишина. Протокол. Многу мисли…- напиша и објави под фотографијата Адеми.

Тој од 6 април е во работна посета на Италија и ревносно ја информира јавноста што сработил тој ден.

Еве мал исечок од работните денови на Адеми во Италија, преку текст и фотографии што ги постира на неговиот Фејсбук-профил. Зашто, нели, транспарентно граѓаните ги интересира што се може да се сработи за нивно добро и колкава е цената што за тоа ја плаќаат даночните обврзници.