Социјалните мрежи вријат со потсмев и револт поради уште една брука која на Македонија и ја нанесе Зоран Заев, кој „телефонски разговараше со Порошенко и Столтенберг“ во мајтапот што му го приредиле двајца руски комичари.
– Дечково ќе ги чува сите наши телефонски броеви и шифрите од нуклеарните бази, гласи ироничниот коментар под фотографијата на која е сликан Заев со генералниот секретар на НАТО, Јен Столтенберг.
Таман мислиме дека сме го достигнале рекордот во националниот срам што ни го приредува оваа власт на чело со Заев, кога тој брзо се руши со нов.
(Д.Г.)