Ние не можеме да врзиме крај со крај, а Владата се фали ги унапредила правата на ЛГБТИ, реагираат денеска од Росоман, каде бербата на праските е во полн ек, но има незадоволство од откупот.

Како што вчера се пожалија повеќе производители од Росоман, најголемиот регион со праски на Балканот, откупната цена не им ги покрива ниту трошоците. Производителите кажаа дека гајба со десетина килограми праски се продава по цена од 40 денари.