Косовскиот премиер Рамуш Харадинај со сопругата Анита денеска биле гости на премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, го реобјави постот на Харадинај на Фејсбук, на својот профил, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири.

– Заедно со Анита бевме на гости кај премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и лејди Зорица. Пријателски разговор за добрососедство и заеднички евроатлантски перспективи на двете земји- напиша Харадинај, а пренесе Зекири.