Граѓаните имаат целосна доверба во институциите во однос на менаџирањето на кризата со коронавирусот, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
– Тоа го постигнавме со тоа што ги слушавме експертите и лекарите и не игравме ситна политика како ВМРО-ДПМНЕ, објави Шекеринска на Фејсбук.
Шекеринска е еден од „проектантите“ на „клиничкиот центар под шатори“ за кој со денови се сликаа и со кој не водеа ситна политика. Проектот на Шекеринска за среќа никогаш не беше искористен и веќе се демонтира.
Нека остане само споменот на министерот Венко Филипче, градоначалникот Шилегов и Шекеринска која „не игра ситна политика“, а со денови ја забавуваа јавноста со шаторите, кои патем, се набавени во времето на претходната власт, а беа поставени во кругот на Клинички центар во Скопје.
(Д.Г.)