Нашите војници и денес на задача во поддршка на полицијата, објави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа на Фејсбук објави и повеќе фотографии на кои се гледаат македонски војници од АРМ како обезбедуваат витални објекти во Скопје, како што се Владата, Собранието на Република Македонија и други.

Како што е познато, македонската Влада имаше нова и сигурна ограда, но по доаѓањето на власт на СДСМ, односно Шекеринска и тогашниот премиер Зоран Заев, оградата од ковано железо беше урната со образложение дека „оваа Влада е транспарентна и не се оградува кон граѓаните, да може слободно да се движат во владиниот двор“.

Не е познато каде заврши кованата „режимска“ ограда која беше срушена.

Сега, сепак, мора да се обезбедува. А сите што служеле војска, и не само тие, знаат дека многу е полесно поефикасно да се обезбедува и чува објект со добра ограда.

(Д.Г.)