Наум СТОИЛКОВСКИ

А сега Дамјане бидејќи соопштенија од Министерство праќаш заради лажни вести и ширење паника, да те видам да ги исклучиш и овие медиуми од можноста за прашања на прес-конференциите, бидејќи не покажале “доволна професионалност” или што и да ти беше образложението за цензура.
Ако имаш како што немаш образ секако!

Објавата на потпролот на ВМРо-ДПМНЕ на ФБ доаѓа по соопштението на Дамјан Манлевски во врска со наводното поставување и пуштање во употреба на 5 Г мрежата во Македонија. во кое тој обвинува за ширење лажни вести и ширење паника и им препорачува на граѓаните да внимваат од каде се информираат.

Ова е соопштението:

„Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани.

Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни. Во нашата држава до сега се направени само две тестирања и тоа, едно во 2018та година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019та година, на ограничен простор.

Ги повикуваме сите извори на лажни вести, да престанат со објавување на дезинформации кои имаат единствена цел да создаваат недоверба и паника кај граѓаните. Исто така, апелираме сите граѓани внимателно да бираат од каде се информираат и да ги проверуваат изворите на информации.

Лажните вести имаат непроценлива штета, особено во вонредни ситуации како што е оваа со коронавирусот и кај нас и во светот, и одговорноста е на сите нас да придонесеме кон намалување на ризиците. Тоа може да го направиме само ако сме доволно и точно информирани, од релевантни и проверени извори“.

Министерство за информатичко општество и администрација