Полека, но сигурно, Скопје го градиме во современа метропола, објави денеска градоначалникот Петре Шилегов.
– Помина јули. Месец за паметење. Се обидов да издвојам што се се случуваше во Скопје во текот на седмиот месец. Ова е само дел. Полека, но сигурно, Скопје, заедно со вас, го градиме во современа метропола. Со достоинствена културна програма, со инфраструктура каква што заслужуваме, со Дрисла на Градот, со Топлификација на Градот, со стационар по највисоки стандарди, Зоолошка, каква што никогаш не била, со дефиниран меѓународен субјективитет, со нов парк … и многу други работи кои допрва ни следат. Со љубов за Скопје. Сакајте го Скопје, порачува Шилегов.