Кукастиот крст кој бил симбол на Хитлерова нацистичка Германија и денес е симбол на военото воздухопловство на Финска, која поднесе кандидатура за прием на оваа земја во НАТО.
За тоа во повеќе наврати во минатото пишувале светски медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си.
„Изненадувачки е тоа што Финска одбра да има свастика (кукаст крст) на знамето од своето воено воздухопловство“, пишува меѓу другото британскиот државен сервис во ПРИЛОГОТ од 2020 година.
Во продолжение повеќе фотографии за актуелниот симбол што го користи воздухопловството во Финска, која во Втората светска војна официјално не го потпишала Тројниот пакт, но била во сојузништвото со Хитлерова Германија.
(Д.Г.)