Синот ја повтори познатата фотографија на таткото – Роберт Ирвин го хрануи крокодилот исто како татко му Стив Ирвин.

Синот Роберт, кој има 15 години, се занимава со фотографија и ужива како татко му да работи со животни и секој миг од слободното време го поминува во Австралиската зоолошка градина каде.

Тој на својот профил на Твитер објави фотографија на која се гледа како го храни крокодилот Мареј, исто како што тоа го правеше татко му Стив пред 15 години.

Истото место, истиот крокодил, истиот кадар само сега Роберт на местото од починатиот Стив.

Стив Ирвин почина во септември 2006 година кога при снимање на ТВ-емисија беше прободен од морска ража.

Тој беше познат како „ловец на крокодили“ и ќе остане запаметен како човекот кој ја сакаше и ја доближи дивината до луѓето. Целиот живот го посвети на изучување и помагање на животните, а таа љубов ја пренесе на неговите деца, синот Роберт и ќерката Бинди.