Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шеќеринска и спикерот Талат Џафери, сакајќи да направат промоција за себе и за НАТО, направија „карикатура на непораснати политичари“, а не служат многу и на честа на Алијансата.
Тие денеска ги преплавија социјалните мрежи со фалби и фотографии од вчерашното слетување на американскиот носач на авиони.
– Вчерашниот ден на носачот на авиони „Хари Труман“ низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во НАТО на дело, објави и вчера и денеска Шекеринска на Фејсбук.
Истото го стори и Заев, а и Владата објави фоторепортажа од овој настан.
Социјалните мрежи, пак, се преполни со потсмев за „политичката неизживеаност“. Заев, Радмила и Талат ги читале сликовниците за „Марика лета со авион“, а денес тие нудат сликовница „Рада, Зоки и Талат летаат на носач на авиони“.
Погледнете ја богатата фоторепортажа со која денеска Владата и владините функционери ја почестија јавноста.
(Д.Г.)