Скопјанец нападнал три лица на улица, а тие настанот веднаш го пријавиле во полиција.

Во 20.38 часот во СВР Скопје, 69-годишниот Ј.Е. од Скопје, В.Г.(37) и П.Д.(42), двајцата од селото Долно Лисиче, скопско, пријавиле дека околу 20.30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ биле физички нападнати од 31-годишниот К.Ф. од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.