Две девојчиња вчера, а денеска им се придружи уште едно, во самоиницијативната акција за чистење на отпад во кичевското село Белица.

– И денеска, и овој неделен ден во селото ни го разубавија девојчињата кои, денеска придружени од уште едно, во најлонски кеси го собираа отпадот покрај Беличка Река. Овој пример нека го следат сите млади, а возрасните кои фрлаат ѓубре во реката нека се срамат сами од себе и од тоа што го прават. Да ни се здрави и живи и децата и родителите кои така ги воспитале, гласи пораката објавена на страницата на Белица на Фејсбук.

Имињата на вредните девојчиња не се објавени, но и без тоа, даваат добар пример како може да се прават добри дела.

(Д.Г.)