Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро.

Ова го кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прашањето дали ставката за спречување говор на омраза во билатералниот Протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото. По оваа нејзина изјава, со реакција веднаш се јави Јосиф Васирионивич, ја поздрави одлуката на министерката, кажа дека ете, по 1948 годидна, Македонија конечно се враќа во своето информбировско јато и и даде неколку примери за тоа како уметниците треба да творат за да го расположат народот.