Јас, Павле, Фрчко, Мариет и Примо во одбрана и поддршка на ЛГБТ пред повеќе години. Коментарите се само илустрација за тоа колку е потребна Парадата на гордоста, објави денеска новинарот Борјан Јовановски.
Тој приложи и фотографија од најистакнати борци за престојната Парада на гордоста во Скопје.
На фотографијата меѓу „најгордите“, освен Јованоски, се и пратеникот Павле Богоевски, кој си поднесе оставка поради аферата „кокаин или масло од канабис“, професорот од ФОН, Љубомир Данаилов Фрчковски и други.
Целата порака прочитајте ја во статусот на Јовановски објавен на Фејсбук, што го приложуваме под текстот.
За тие што не се сеќаваат на кратенката СВОЗ, во времето на бивша СФРЈ, се организираше таква акција, која беше именувана Сите во одбрана и заштита (СВОЗ).