Вицепремиерот Артан Груби, кој и во новата Влада на Димитар Ковачевски останува на истата функција, како и останатите министри од ДУИ, на објави галерија од фотографии од синоќешниот избор во Собранието на Република Македонија.
Галеријата што Груби ја објави на неговиот официјален профил на Фејсбук носи наслов „Синоќешниот реизбор низ фотографии“.
Тоа што за коалициониот партнер на СДСМ е нов избор, за ДУИ и за Груби е реизбор. Во галеријата од фотографии за спомен и сеќавање Груби и министрите Албанци се сликаа со „премиерот во сенка“ Али Ахмети, кој е на власт речиси од основањето на партијата.
Погледнете краток избор од пообемната фотогалерија на Груби.
(Д. Г.)